Скопјанец бил погоден со дијабола од воздушна пушка додека се движел пред Олимписки базен во Центар.
Според информациите на МВР, Б.М.(41) од Скопје вчера пријавил дека на 27.09. околу 23.45 часот, додека се движел со велосипед пред Олимписки базен во Центар, почувствувал болка во рамото.
Тој се упатил во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде од рамото му извадиле дијабола од воздушна пушка.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.