Го привеле поради марихуана, а му откриле и украдени предмети

Поседување на дрога, но и на други работи за кои постои сомневање дека се украдени е причина за вчерашното приведување на едно лице од страна на полицијата во Скопје.

МВР соопшти дека на 13.12.2020 во 14.00 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Р.Д.(22) од Скопје.

-Кај него била пронајдена марихуана и разни предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело, а во врска со претходна пријава од Џ.Ф.(83) од Скопје дека околу 08,00 часот пријавениот со употреба на физичка сила и одзел ташна со лични документи и пари.  Пронајдените предмети се одземени и вратени на оштетената, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Претходна вестКомисијата за заразни болести: Угостителските објекти да работат до 18 часот, да нема собирање на плоштади…
Следна вестПроверено на 42 места во Скопје, водата одговара на прописите за квалитет