Темно Режим Светло Режим

Го уапсиле на скопскиот аеродром, претходно преку интернет се заканил на владин функционер

Синоќа по полноќ на скопскиот аеродром бил приведен 28-годишниот М.М. од Гостивар, кој се барал со централен распис од гостиварската канцеларија за криминалистички работи.

Имено, на 6 јули годинава против него била поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Гостиварецот се сомничи дека преку социјалните мрежи упатувал закани односно ја загрозил сигурноста на функционер во Владата.

Тој е задржан во полициската станица Гостивар и ќе биде изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд во овој град.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Конечно, новите автобуси почнаа да возат патници низ Скопје

Следниот Пост

Сопственик на продавница ветувал на купувачи дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ