Сопственик на продавница ветувал на купувачи дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Спречен предизборен поткуп во Штип. Имено, сопственик на продавница во овој град ветувал дека на неоклу лица ќе им избрише долг, ако на изборите гласаат за СДСМ. Ова го објави министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

-По добиени оперативни информации дека лицето Д. А. од Штип поседува патни исправи и лични карти од повеќе непознати лица од ромска националност кои биле држени како залог за настанат долг во неговата прехранбена продавница, а кој долг наводно би им бил подмирен доколку истите на денот на изборите гласаат за политичката партија СДСМ, побарана и добиена е наредба за претрес на дом и други простории кај конкретното лице со цел обезбедување на материјални докази и целосно документирање на настанот. При извршениот претрес во прехранбената продавница на лицето биле пронајдени четири тетратки во А4 формат во кои имало список со имиња, 69 биометриски лични карти, 18 биометриски патни исправи, 18 стари патни исправи, шест стари лични карти, една дозвола за престој и една здравствена легитимација, за кои постои основано сомневање дека се предмет на кривично дело Поткуп при избори и гласање, објави Чулев на „Фејсбук“.

Пронајдените предмети се одземени, а во просториите на СВР Штип со Д.А. извршен е разговор во однос на околностите поврзани со пронајдените предмети.

Министерот Чулев апелира до граѓаните да ја пријават секоја активности со која се крши или попречува нивното избирачко право.

Претходна вестГо уапсиле на скопскиот аеродром, претходно преку интернет се заканил на владин функционер
Следна вестВреме беше: Фатени се три лица кои украле 26 велосипеди во Скопје