Време беше: Фатени се три лица кои украле 26 велосипеди во Скопје

Две лица од Скопје се приведени заради кражби на велосипеди и едно лице заради прикривање на кривичното дело, по полициската акција извршена во изминативе два дена. МВР денеска соопшти дека лишени биле од слобода Е.М.(24) и А.И.(22), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “тешки кражби“ на велосипеди и Х.К.(53) од Скопје поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело “прикривање“.

вајцата првопријавени извршувале кривични дела “тешки кражби“ на велосипеди, тешки кражби во подрумски простории и тешки кражби во станови на подрачјето на Скопје, по што украденото го продавале кај третопријавениот, кој ги купувал велосипедите за минимална цена и ги препродавал или ги расклопувал во делови, соопшти полицијата.

Досега од сторителите се одземени 26 велосипеди, еден апарат за заварување, една бормашина, една брусалица, две рачни стеги, разен рачен алат и лап топ.

-Во врска со извршените кривични дела ги повикуваме сите оштетени граѓани во Полициската станица Карпош, секој работен ден од 09,00 до 15,00 часот за препознавање на велосипеди, велат од МВР.

Претходна вестСопственик на продавница ветувал на купувачи дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ
Следна вестВо шест акции полицијата приведе седум лица заради марихуана и прашкаста материја