Вчера на автопатот Тетово-Гостивар приведен е скопјанец поради агресивност, откако претходно го запреле за да му укажат дека сторил сообраќаен прекршок.
Настанот се случил околу пладне, кога полицајци од СВР Тетово го привеле 37-годишниот скопјанец Г.Н., кој во близина на клучката за тетовско Горно Седларце, со „крајслер“ со скопски регистарски ознаки направил сообраќаен прекршок, а откако бил запрен, агресивно се однесувал кон полициските службеници.
Приведениот бил задржан во полициска станица во Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.