Бројот на пациентите со ковид во болниците се намали на 1.068, во Скопје нови се 24

Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 068 и има околу 745 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Вкупно 446 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните и хируршки клиники имало 5 приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ се примени 22пациенти. Шест биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, а на Клиниката за детски болести имало два приеми. На Институтот за физикална медицина исто така нема нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 38 оздравени пациенти.

Во ковид-центрите во болниците низ внатрешноста на земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 622 пациенти позитивни и сомнителни на корона вирусот.

Претходна вестШилегов до Антикорупциска комисија: Проверете ја набавката на противпожарната скала
Следна вестГо запреле за сообраќаен прекршок, го привеле поради агресивност