Пензионерски маки со „Мој термин“, за вакцина ќе патуваат и по 100 километри

Надлежните институции најавуваат масовна вакцинација. Уверуваат дека се  е организирано и подготвено.

Но, жена на возраст од 80 години од Битола ќе мора да се вакцинира во Кавадараци, а и една пензионерка од Велес исто така ќе мора да оди до Кавадарци за да ја прими првата доза од вакцините. Така им одредил „Мој термин“. Е, сега дали може да се поправат овие грешки? Одговор на ова уште нема.  

На страницата на Фејсбук групата „Ковид 19 – искуства и совети“ се изнесува проблеми на загрижени граѓани, меѓу кои има и такви кои иако живеат во Скопје, одредено им е да се боцнат со кинеската вакцина „синофарм“ во Охрид.  

-Почитувани, молба за совет. Мојот родител доби порака за вакцинација во пункт “Биљанини извори” во Охрид, а со адреса на живеење сме во Скопје. Дали до сега му се случило вакво нешто на некого и дали има опција да се вакцинира во Скопје?  

– Од Битола е, а треба да се вакцинира во Кавадарци, 80-годишна, Битола, а закажана за Охрид, ептен чудно!  

-Татко ми доби термин во Тетово, а живее во Куманово. Очигледно сите различни информации добиваат.  

-Мајка ми има 83 години, а за закажаниот термин за вакцина ја известиле преку СМС. Таа не знае што е тоа, па терминот и пропаднал. Зошто бре не и се јавиле???  

Ова се само дел од искуствата кои деновиве се кажуваат на социјалните мрежи.  

Така, веќе има хаос и пред да почне најавената масовна вакцинација, но од Министерството за здравство истакнуваат дека нема  никакви проблеми. Од Мој термин, пак, објаснуваат дека доколку некој е пријавен преку vakcinacija.mk добива е-маил. Ако е пријавен преку матичен лекар добива само СМС на бројот кој го има во неговото досие кај матичниот лекар. Пунктот за кој добил термин самиот го избрал или е избран од матичниот лекар.  

Претседателката на здружението на приватни матични лекари доктор Лидија Чолакова Дервишова, потврди дека проблеми настануваат во системот „Мој термин“, во поглед на закажаните термини за вакцинација, поради што возрасни луѓе и пензионери, кои немаат ниту доволни приходи да патуваат, ниту имаат придружба или превоз, се закажувани да се вакцинираат во други градови.

Претходна вестУЕФА одлучи: Репрезентациите на Евро 2020 со по 26 играчи
Следна вестСимоновски: Противпожарната скала ни беше потребна, купена е по наши препораки