Oваа година се почнати постапки за 83 судии– причините се застареност на предмети, несоодветност по постапување на предмети и слично, изјави денес на прес конференција владиниот портпарол Душко Арсовски. Тој вака одговори на новинарско прашање до каде е постапката за ветинг во судството, што ја вети министерот за правда, при што потсети дека лани Судскиот совет разрешил осум судии.
-Министерот за правда вети дека во првите 100 дена ќе излезе со план како да се направи филтрацијата во судството, но 100-те дена влада се уште не се изминати. Државата не може да ја направи филтрацијата, туку дека овој процес треба да го завршат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Државата може да даде само временска рамка и начин како тоа да се направи, посочи Арсовски.
Тој додаде дека Владата не се откажува од овој процес чиј дел е и проверката на имотот на судиите, постапка во која што е вклучена Државната комисија за спречување на корупцијата.