Home АКТУЕЛНО Осумгодишно дете донесено во здравствен дом без знаци на живот

Осумгодишно дете донесено во здравствен дом без знаци на живот

0
Осумгодишно дете донесено во здравствен дом без знаци на живот

Без знаци на живот вчера било донесено осумгодишно дете во Здравствен дом во Неготино, соопшти денеска полицијата.

– Беше пробано да се анимира, но без успех. Беше пријавено во полиција. Телото на детето немаше знаци на насилство, повреди. На барање на полиција, известен беше и јавен обвинител, посочија од Здравствениот дом.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски истакна дека телото било предадено на семејството.