Годинава се почнати постапки за 83 судии заради застарени предмети и несоодветно постапување

Oваа година се почнати постапки за 83 судии– причините се застареност на предмети, несоодветност по постапување на предмети и слично, изјави денес на прес конференција владиниот портпарол Душко АрсовскиТој вака одговори на новинарско прашање до каде е постапката за ветинг во судството, што ја вети министерот за правда, при што потсети дека лани Судскиот совет разрешил осум судии.

-Министерот за правда вети дека во првите 100 дена ќе излезе со план како да се направи филтрацијата во судството, но 100-те дена влада се уште не се изминати. Државата не може да ја направи филтрацијата, туку дека овој процес треба да го завршат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Државата може да даде само временска рамка и начин како тоа да се направи, посочи Арсовски.

Тој додаде дека Владата не се откажува од овој процес чиј дел е и проверката на имотот на судиите, постапка во која што е вклучена Државната комисија за спречување на корупцијата.

Претходна вестОсумгодишно дете донесено во здравствен дом без знаци на живот
Следна вестОва сегашно Скопје ме изморува, не ти дава да ги раскрилиш желбите