Тешко повредена 20-годишна скопјанка, ја удрил автомобил

Со тешки телесни повреди се здобила 20-годишна скопјанка во сообраќајна несреќа што се случила вчера.

-На 24.11.2020 во 20,40 часот во Скопје, на бул.„Кочо Рацин” пред крстосницата со ул.„Мирче Ацев” патничко моторно возило „Шкода фабиа” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Т.(25) од Скопје удрило во пешак А.Б.(20) од Скопје- информираат од МВР. По незгодата А.Б. е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, каде и се констатирани тешки телесни повреди, се наведува во соопштението на полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Претходна вестЗаев: Политичарите од бивша Југославија ги држеа разделени Македонците и Бугарите
Следна вестПремиерот за Претседателот: Пендаровски не е толку искусен политичар како Зоран Заев!