Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер.
Во партиското соопштение се наведува дека на средбата Мицкоски ги презентира заложбите што ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе ги има, а тоа се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата.
-Потребно е Македонија да се стави на брза лента кон ЕУ, но и засилено да се забрза економскиот развој и да се подобри животниот стандард на граѓаните. Борбата против криминалот и корупцијата се клучни бидејќи Владата на СДС и ДУИ ја деградира државата по сите основи, а најмногу на тоа поле. ВМРО-ДПМНЕ ќе работи за сите граѓани на државата, а не како СДС и ДУИ до сега, рече Мицкоски.