Министерот Тошковски најавува: Ќе се затвори импровизираниот „Луна парк“ пред СЦ „Борис Трајковски“

Ќе се затвори и ќе се дислоцира забавниот парк кој е лоциран на подрачјето на општина Карпош, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во објавата на неговиот прифил на Фејсбук тој наведе дека се постапува по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на Општина Карпош, пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ без соодветни документи и потребни дозволи се поставени реквизити за забавен парк меѓу кои и панорамско тркало.

Тошковски наведе дека Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со службени лица од Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и градежен инспектор од Општина Карпош излезе на лице место и презема конкретни соодветни мерки и активности од делокругот на својата надлежност и овластувања.

-Имено, од страна на инспекциските служби по преземените мерки и активности и констатираната фактичка состојба изготвени се Записници за констатирана состојба додека од страна на овластен градежен инспектор од Општина Карпош поведена е постапка за констатираните неправилности, по што ќе бидат преземени конкретни мерки во насока на отстранување на истите, престанување со вршење на активноста, како и дислоцирање на реквизитите, истакна Тошковски.

Претходна вестПретрес во домот на Иџет Мемети, член на Советот на обвинители
Следна вестЦУК: Крива Река се заканува со поплави