Годинава три девојчиња биле цел на сексуална експлоатација

Годинава, три девојчиња биле цел на сексуална експлоатација, информира министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната регионална конференција посветена на спречувањето и борбата против трговијата со луѓе.

Таа наведе дека во 2022 година, идентификувани се девет жртви на трговија со луѓе од кои осум женски и едно машко лице. Најголем број од нив, се деца – седум на возраст од 14 до 17 години.

Според видот на експлоатацијата, во најголем број од случаите се идентификувани како присилен брак – шест лица, а две се идентификувани како сексуална експоатација од кои едниот случај е онлајн експлоатација.

-Нашата држава и земјите во регионот често играат улога во секоја од фазите на трговијата со луѓе, како земја на потекло, транзит или дестинација. Би сакала да ги изразам искрените поздрави до земјите во регионот, да ја истакнам потребата од заедничка, обединета акција против трговијата со луѓе која е транснационален организиран криминал. Потребна е заедничка акција во која ќе се фокусираме на борбата со едно од најтемните реалности во светот денес, во која голем број на жени и мажи, момчиња и девојчиња се заробени, порача Тренчевска.

Таа додаде дека во овој период се работи на ревидирање на стандардните оперативни процедури за постапување со жртви на трговија со луѓе со цел унифициран приод на сите вклучени актери од идентификација до реинтеграција и враќање на жртвите во безбедна средина.

Претходна вестМигрант прободен со нож во кумановско, починал во болница
Следна вестАгенцијата за филм поднесе пријава против продукцијата на Манчевски: „Направени се очигледни неправилности“