Голем пресврт на Калин Ивановски за четвртфинале во Кретел

Македонскиот тенисер Калин Ивановски направи неверојатен пресврт на турнирот во Кретеј, Франција.

Ивановски успеа да го победи Естонецот, Данил Глинка со 3:6, 7:6, 6:1 и покрај тоа што имаше негатива од еден сет и 1:5 во вториот сет.

Ивановски успеа да освои четири гема, да израмни на 5:5, а потоа и да обезбеди тај-брејк. Откако израмни на 1:1 во сетови, во решавачкиот го прегази противникот.

Во четвртфиналето, Ивановски ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Тристан Ламасин и Давид Санчиз.

Претходна вестСообраќајка меѓу патничко возило и мотоцикл во Скопје, има повредени
Следна вестНов земјотрес во централна Италија