Голема празнина во новиот пратенички табор на СДСМ, Маричиќ не успеа да влезе

Македонските социјалдемократи доживеаја тежок пораз на парламентарните избори. Поточно кажано, граѓаните на Македонија на СДСМ му го испорачаа историски најголемиот пораз.

Партијата која ја раководи Димитар Ковачевски за прв пат станува трета политичка сила во македонскиот парламент. ДУИ е побројна со мандати.

Во партијата сигурно набрзо ќе анализираат што ги снајде. Ќе мора и да си одговорат што ли толку згрешија па во Скопје, односно во првата изборна единица, да освојат само три мандати.

Ќе треба и да се најдат решение како ќе се надокнади празнината во нивната нова пратеничка груга каде нема да биде до сега сеприсутниот вицепремиер Бојан Маричиќ.

Тој беше на „добитничкото“ четврто место на листата, ама, ете, за малку не влезе во новиот парламентарен состав. Единствен начин сепак неговите визии да се слушнат во парламентот е ако од мандатот се откаже некој од трите првопласирани – Димитар Ковачевски, Моника Зајкова од ЛДП и Даниела Николова од СДСМ.

Инаку, од оваа изборна единица, за малку не влегоа во парламентот и познатите политичари Маја Морачанин од ДОМ и Дарко Каевски од СДСМ.

Претходна вестСе намалува мазутот, цените на дизелот и бензините остануваат непроменети
Следна вестМицкоски ја дефинира рамката за коалицирање со партиите – во фокусот се три точки