Мицкоски ја дефинира рамката за коалицирање со партиите – во фокусот се три точки

365

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска објави дека имал состанок со носителите на изборните единици на кои било разговарано за коалицирањето и формирање на идна влада.

-Претпладнево одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии и каде фокусот ќе бидат луѓето на прво место, објави тој на својот Фејсбук профил.

Тој ги наведе и следните три точки:

  1. Економски силна држава, преку реформи и чекори кој ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард.
  2. Фронт против криминалот и корупцијата и постигнување на правда.
  3. Реализација на стратешкиот интерес за европски интеграции, преку дијалог и исполнување на принципи.

-Очекувањата се големи, и одговорноста кон народот уште поголема, напиша Мицкоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестГолема празнина во новиот пратенички табор на СДСМ, Маричиќ не успеа да влезе
Следна вестЗагина маж од Неготино откако се преврте со трактор