Загина маж од Неготино откако се преврте со трактор

Едно лице загина во неготинско откако се превртел со трактор, соопшти полицијата.

МВР информира дека вчера во 13.00 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во место викано „Црно поле“, атар на Неготино, Т.К.(62) од Неготино, додека извршувал земјоделски активности на нива со трактор, изгубил контрола и се превртел со тракторот.

-Т.К. бил пренесен во Итна медицинска помош, каде што лекар констатирал смрт. Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Неготино, соопшти МВР.

Претходна вестМицкоски ја дефинира рамката за коалицирање со партиите – во фокусот се три точки
Следна вестСкопјанка прскајќи со вода предупредила лица да ја намалат вревата – тие ја повредиле со лименки