Скопјанка прскајќи со вода предупредила лица да ја намалат вревата – тие ја повредиле со лименки

Скопјанка е повредена во инцидентот што се ссучил синоќа во скопската општина Гази Баба, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 08.05.2024 во 23.20 часот во СВР Скопје, И.С.(44) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на подрачјето на Гази Баба, прскајќи со вода, предупредила лица кои славеле пред нејзината зграда да ја намалат вревата.

-По ова повеќе лица фрлиле со лименки кон неа и ја повредиле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полиција.

Претходна вестЗагина маж од Неготино откако се преврте со трактор
Следна вестОбид за убиство во гостиварско