На подрачјето на Македонија утрово е активен само еден пожар, информира Центарот за управување со кризи.
ЦУК известува, според податоците од Секторот за операции и координација, дека пожари на отворен простор вчера имало вкупно 26. Од нив како активен пожар се води до утрово, пожарот во Општина Прилеп, каде што кај село Алинци се уште чади опожарената депонија.
-Изгнаснатите 25 пожари, при што гореле стрништа, отпадоци, сува трева, трње, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума – даб и габер, а и борова шума и неколку депонии, биле во 24 општини во државата, информира ЦУК.