Темен режим Режим на светлина

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски свесно ги лажел пратениците дека нема да има нови барања од Бугарија, Османи го разоткри

ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

Бујар Османи ги потврди ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања во однос на Македонија, сопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија наведува дека Османи ја кажал вистината и со тоа го исфрлил на чистина Ковачевски кој со месеци лажеше.

-Ковачевски пред само месец дена кога ја гласаа иницијативата за уставни измени кажа – Нови барања нема, билатералните прашања не се пречка во понатамошното исполнување на условите за влез во ЕУ и ново вето нема да има. Тоа е вистината. Османи со кажувањето на вистината е дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања, потврди дека Ковачевски на 18 август од Собранието на Република Македонија свесно лажел, се истакнува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, Ковачевски на 18 август свесно сакал да ги донесе сопствените пратениците во заблуда, со лаги и конструкции.

-Нема потреба од нови објаснувања и толкувања, се е кристално јасно, самата влада е свесна дека турка бугарски диктат, и дека бугарските барања никогаш нема да исчезнат. Затоа се потребни промени, потенцираат од партијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Гори кај прилепско Алинци, вчера изгаснати 25 пожари

Следна објава

Шведскиот премиер ја повика војската на помош поради крвавата војна меѓу бандите