Парламентарната партија „Демократски сојуз“ бара од премиерот Димитар Ковачевски да го повлече новиот Предлог-закон за амнестија, бидејќи како што велат овој закон е политички пазар помеѓу коалиционите партнери СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците и продолжение на неодамнешните измени на Кривичниот законик со кои брутално е нападнат правниот поредок.
-Господине Ковачевски, немојте да се мачите да пишувате амандмани на закон кој го предлага Владата со која Вие раководите. Амандмани ќе има илјадници и бидете сигурни дека законот нема да помине!
Инаку, знаете ли на што личите сега со најавата за амандмани? На јавноста ѝ испраќате порака: „ИМАМ СВОЕ МИСЛЕЊЕ, НО НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ СО ИСТОТО“.
Демократскиот сојуз нагласува дека Владата го урниса системот на владеење на правото и ги загрози евроинтеграциите на Македонија, се вели во партиското соопштение.



