Темен режим Режим на светлина

Утврден состав на Анкетната комисија за „Онкологија“: Мизрахи ќе раководи, членови – Милошоски, Давкова, Марковска, Коциќ…

Се уште нема одредени лекови на Онкологија: Итно мора да се најде и лек за неодговорноста, за што не треба тендери, туку казни, оставки… Се уште нема одредени лекови на Онкологија: Итно мора да се најде и лек за неодговорноста, за што не треба тендери, туку казни, оставки…

Рашела Мизрахи од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ треба да раководи со Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, а утврдени се и нејзините членови. Ова денеска одлучи собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Според одлуката, членови на Комисијата ќе бидат Антонијо Милошоски, Гордана Сиљановска Давкова, Иванка Василевска, Љупчо Пренџов и Петар Ристески од ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Даниела Маркоска, Ненад Коциќ, Мартин Костовски и Марија Георгиевска од СДСМ и коалицијата, Арбен Зибери и Бедри Фазли од ДУИ и Ремзи Мехмеди од Алијанса за Албанците.

Заменик претседател, според утврдениот предлог, ќе биде Александар Вељановски (ВМРО-ДПМНЕ), а заменици членови Дајанчо Ефтимов, Дафина Стојаноска, Драган Ковачки, Тони Јаревски, Зоран Коцевски (ВМРО-ДПМНЕ) Миле Талевски, Маја Морачанин, Бети Рабаџиевска Наумовска и Соња Мираковска (СДСМ и Коалицијата) Бајрам Кадрија и Берат Ајдари (ДУИ) и Артина Казими од Алијанса за Албанците.

Составот на Анкетната комисија треба да помине и на пленарна седница.

Одлуката за Анкетната комисија беше донесена на 20 септември, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија, Јавното обвинителство на почетокот на месецов отвори предистражна постапка.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Спасовски: На подрачјето на СВР Куманово за 8 месеци издадени се 19.000 платни налози - казни, најмногу за возачи под дејство на алкохол

Следна објава

Жичницата на Водно од недела ќе работи до 18 часот