Темен режим Режим на светлина

Спасовски: На подрачјето на СВР Куманово за 8 месеци издадени се 19.000 платни налози – казни, најмногу за возачи под дејство на алкохол

Во последно време министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски работно шета низ Македонија при што се сретнува и со граѓани. Тоа е добро, за да првиот полицаец во земјава ги дознае на терен проблемите со кои се соочува населението.

Денеска во рамките на проектот ‘Отворен кабинет’ тој ја посетил Крива Паланка каде бил запознаен со безбедносната состојба на подрачјето на СВР Куманово и ОВР Крива Паланка.

-Во согласност со презентираните показатели, безбедносната состојба на подрачјето во надлежност на СВР Куманово и ОВР Крива Паланка е поволна. Вкупниот криминалитет на подрачјето на СВР Куманово во изминатите осум месеци од 2023 година, во споредба со истиот период претходната година, бележи намалување за 17 %. Во делот на класичниот криминалитет бележиме намалување на овој вид кривични дела за 11 %, истакна Спасовски.

Тој информира дека на подрачјето на СВР Куманово во изминатите осум месеци биле издадени повеќе од 19.000 платни налози – казни за сторени прекршоци, од кои најмногу за возачи што управувале возило под дејство на алкохол, а реализирани се 689 превентивни настани на разни теми. На подрачјето на ОВР Крива Паланка во 2023 година, компаративно со истиот период лани, евидентирано е намалување на вкупниот криминалитет за 29 %.

-Во делот на недозволената трговија со дрога и оружје откривачката дејност е зголемена за 33 % во споредба со анализираниот период во 2022 година, информира министерот Спасовски.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Во Новаци отворена фотоволтаична електроцентрала, најголема на Балканот

Следна објава
Се уште нема одредени лекови на Онкологија: Итно мора да се најде и лек за неодговорноста, за што не треба тендери, туку казни, оставки…

Утврден состав на Анкетната комисија за „Онкологија“: Мизрахи ќе раководи, членови – Милошоски, Давкова, Марковска, Коциќ...