Темен режим Режим на светлина

Маврово и Ростуше бара да се прогласи кризна состојба поради зголеменото присуство на мечки

Барање за прогласување кризна состојба на цела територија на Општина Маврово и Ростуше поради зголеменото присуство на мечки, поднела оваа општина во западниот дел од Македонија.. Ова е побарано откако во последните шест месеци е евидентирано зголемено присуство  на околу 180 примероци на кафената мечка на територијата на општината.

-Ги повикуваме и Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, НП Маврово, ЦУК и сите други институции кои се надлежни за решавање на овој голем проблем со мечките и дивите свињи да се стават во функција за што поскоро решавање на истиот, со што ќе ја вратиме безбедноста на нашите граѓани, бараат од општината.

Се бара и да се преземат дополнителни мерки за заштита на населението, заштита на животот и имотот.

-А со тоа и обезбедување на уставно загарантираното право на секој граѓанин за безбедно, слободно и непречено движење и живеење на територија на целата држава, се вели во соопштението објавено на Фејсбук страницата на Националниот парк „Маврово“.

Инаку, денеска, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов ќе одржи прес-конференција во ЦУК, на којашто ќе извести за добиената иницијатива од Општина Маврово и Ростуше.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Дали Заев ќе му помогне на СДСМ да не потоне?

Следна објава

186 илјади мигранти годинава пристигнаа во Италија, Шпанија, Грција, Малта...