Горивата со нови цени од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за нови цени на горивата, која започнува од ноќеска на полноќ.

Според новата одлука, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за половина денар односно ќе се продава за 59,50 денари/литар, додека цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува на исто ниво од 61,50 денари/литар.

За половина денар се зголемуваат цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кои ќе се продаваат по цена од 51,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува и сега ќе изнесува 27,481 ден/кг.

Од Регулаторна воедно информираат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт, можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Претходна вестМинистерката Царовска праќа прашалници до учениците, родителите…
Следна вестРеволтирана граѓанка со реакција до Филипче…