51-годишен Гостиварец нападнал жена со која бил во љубовна врска. Од МВР велат дека се расчистува случајот.
Вчеравечер, околу 21 часот, во Полициската станица Гостивар се пријавил 51-годишниот гостиварец Б. А. Тој пред тоа бил пријавен од 36-годишна гостиварка, со која претходно биле во љубовна врска, дека во нејзиниот стан физички ја нападнал, велат од СВР Тетово.
Се расчистува и документира случајот и на Б. А. ќе му биде изготвен поднесок.