Грабеж во банка во Илинден – одземена голема сума на пари

Ограбена банка во скопската населба Илинден. Според првичните информации одземена е голема сума на пари, а осомничениот бил маскиран и вооружен.

Во настанот нема повредени лица. Идентитетот на ограбувачот е непознат, а според очевидци тој со парите избегал во непознат правец.

– Денеска во 10.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во експозитура на една банка во нас.Илинден – Скопје едно лице со закана со огнено оружје од вработените одзело пари, соопштија од МВР.

Претходна вестДојава за бомба во основно училиште во Охрид – итно се евакуираат учениците и професорите
Следна вестДелегација на ЕУ: Признавањето на пасошите со старото име е работа на секоја земја членка одделно