Грабеж во банка во Капиштец, еден од разбојниците пукал

Вооружени лица денеска напладне е извршен грабеж во „Уни банка“ во бизина на трговскиот центар Беверли Хилс во скопската населба Капиштец.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум.

-Во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Претходна вестВладината каса полна, џебовите на граѓаните попразни!
Следна вестРесенчанец си купувал на интернет со картичката на 82-годишна скопјанка