Град Скопје: Две години зборуваме дека проектот за Универзална сала е погрешен и небезбеден

Две години зборуваме дека проектот за Универзалната сала, која денес беше во пламен, е не безбеден и погрешен, реагира денеска Градот Скопје.

Во соопштението се наведува дека не може да се гради според тој проект.

-Две години јавно зборуваме дека проектот за Универзална сала кој му е дониран на претходното градско раководство и по кој работеле до локалните избори во 2021 година е погрешен и небезбеден, а градбата спротивна на проектот и дека поради тоа ни може да се продолжи ни може да се гради. Две години бевме напаѓани за тоа што јавно зборуваме! Две години укажувавме дека додека не се обезбеди нов проект и сериозна ревизија на градбата која е спротивна на проектот, дека нема шанси никој од Градот да потпише градба и продолжи било каква реализација, се потенцира во соопштението.

Се потсетува дека советниците во Советот на Град Скопје на седница во јули 2023 година одлучија Министерството за култура да ја превземе Универзална сала и нејзината реконструкција.

-По неколку месеци мистериозно гори Универзална сала, наместо да се РЕВИДИРА што правел изведувачот. Министертвото за внатрешни работи итно да ги истражи причините и доколку за истото се детектира дека е во прашање човечки фактор и мотивирано е од погрешната и небезбедна градба за што има соодветна документација, за која укажувавме две години и поради која одбивме да продолжиме со изведувачот избран од претходното раководство, институциите да си покренат соодветни постапки за одговорност. Универзална сала е на скопјани и на Македонија, а некој се обидува да заташка што правел, за што јавно говоревме 2 години и бевме напаѓани за истото од центрите на моќ и кеш. Ајде криминалци да ве видиме дали и како ќе си го покриете делото и срамот!, велат од Градот Скопје.

Претходна вестЧудна изборна кампања: Само уште смената на Уставот остана за решавање?
Следна вестИзгаснат пожарот во Универзална сала, министерката за култура смирува: објектот е осигуран