Промоција на новите реквизити за игрите за слепи и слабовидни лица Goalball и Showdown опремата и реквизитите за пинг – понг, бадминтон, како и повеќе специјализирани мултифункционални фитнес справи за лицата со попреченост, организира денеска Градот Скопје.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во соработка со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет Мобилност Скопје на промоцијата укажаа дека продолжуваат да даваат силна поддршка во активностите за интеграција и подигнување на свеста во општеството за лицата со попреченост.
-Во рамките на овие заложби, во изминатите две години Градот Скопје е поддржувач на многубројни активности во насока на унапредување и подобрување на секојдневно функционирање, а една од нив е набавката на специјална опрема и реквизити за рекреација на лицата со попреченост., се наведува во соопштението.
Третата локација по средните училишта „Михајло Пупин“ и „Здравко Цветковски“, е училиштето „Јосип Броз Тито“, каде лицата со попреченост преку проектот на Град Скопје и Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет, можат бесплатно да вежбаат, да се дружат и рекреираат.
-Градот Скопје продолжува да дава силна поддршка во активностите за интеграција и подигнување на свеста во општеството за лицата со попреченост, беше нагласено на промоцијата.