Апел до граѓаните да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, пред се поради големата реконструкција на булеварот „Александар Македонски“ во општината Гази Баба, што е во тек, упати денеска Градот Скопје.
-Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населбата Радишани, преку новиот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ кон општина Чаир, како и на исклучувањата кај населбата Визбегово кон Момин Поток и населбата Волково кон општина Ѓорче Петров, се наведува во апелот.
Од Градот информираат дека се одвива изградба и обнова на градските улици – се пробива улицата „Есенинова“, а се реконструираат улиците „Македонско – косовска бригада“, „Лазар Личеноски“, „Џон Кенеди“, „Боца Иванова“, „Благоја Стефковски“ и „Востаничка“, како и булеварот „Видое Смилевски Бато“.