Снегот синоќа и денеска ги обеле па дури и затрупа улиците на Скопје. Дали службите задолжени за негово чистење ги направија потребните активност и овозможија во градот да има лесна проодност и на возилата и на пешаците?
На оваа дилема од Градот Скопје велат дека екипите на зимската служба на градот биле на терен уште од почетокот на вчерашниот ден и во текот на ноќта, при што досега се фрлени над 1000 тони сол на градските булевари и улици. Како што се наведува во соопштението сите градски улици и булевари во текот на деноноќието биле чисти и проодни и никаде не е забележан застој на сообраќајот.
Што велат скопјани?
-Среќа не вее повеќе. Да се надеваме дека и вечер нема да вее, ова е една од реакциите на социјалните мрежи која доволно објаснува колку скопјани се задоволни од исчистеното, за кое надлежност имаат и општините.