Градоначалникот на Сарај нема кривично да одговара за дивите платформи на Матка

Градоначланикoт на Сарај постапувал во рамките на законските надлежности и спровел предвидени процедури за бесправно изградени објекти на подрачјето на кањонот Матка. Ова е образложението со кое Јавното обвинитлество – Скопје ја отфрлило кривичната пријава против него поднесена од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата. Во пријавата се наведуваше дека тој во случајот со нелегално поставените платформи на Матка за злоупотребил службената положба и несовесно работел во службата.

-Во првите четири предмети општина Сарај донела решенија со кои се одбиваат барањата за легализација. На нив подносителите на барањата доставиле жалби до Министерството за транспорт и врски. И покрај вложената жалба, општина Сарај на 16.09.2019 година распишала јавна набавка за уривање на овие објекти, но на јавниот повик не се пријавил ниту еден економски оператор. Од овие причини општина Сарај се обратила писмено до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам заради помош за отстранување на платформите. Инспекторатот ја известил Општината дека се работи за објекти од локално значење за кои е надлежна општината и воедно ги предупредил дека кон уривање на објектите може да се пристапи само по конечноста на донесените решенија, се наведува во образложението на Јавното обвинителство.

Постапката, согласно закон, продолжува во Министерството за транспорт и врски, а потоа и пред Управен суд.

 

Претходна вестНападнати две лица од кучиња-скитници во Градски парк и на Бит-пазар
Следна вестОд денеска по ресторани ќе легитимира финансиската полиција