Од денеска по ресторани ќе легитимира финансиската полиција

Легитимирање и проверка дали четворица гости кои седат на иста маса во угостителски објект се од исто семејство ќе вршат претставници на финансиска полиција која на терен ќе оди заедно со пазарните инспектори, најави на денешната конференција за печат Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат.

-Ги предупредуваме угостителите дека и овој протокол по барање на Комисијата за заразни болести продолжува да се применува, а за да се легитимираат лицата, од денеска контроли ќе прави и финансиска полиција која има право да легитимира. Направен е разговор и со обвинител како да се постапува, нагласи Пауновски.

До сега не е казнет ниту еден угостител кој дозволил четворица гости да седат на иста маса.

ерките се носат за заштита на граѓаните. Од свеста и совеста на граѓаните ќе зависи дали ќе има казни или не. Контролите се зајакнати на ниво на цела држава, посебно во регионите како Куманово, Скопје, Тетово и околните опшптини, но се вршат и низ цела држава. Во Тетовско има инспектори, дополнително зајакнати со инспектори од Гостивар и Скопје. Контролите продолжуваат, од денеска зајакнати со финансиска полиција, МВР и ЕБР. Она што ние дадено како задача од Владата, ќе сториме максимум да го исполниме, дополни Пауновски.

Претходна вестГрадоначалникот на Сарај нема кривично да одговара за дивите платформи на Матка
Следна вестФилипче: Имаме добра стратегија, нема да има нови ограничувања