Во текот на изминатата недела (25.06 – 01.07.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати вкупно 143 возила од јавните површини, соопшти денеска Градот Скопје.
– Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила 33 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 110 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице,се наведува во информацијата.
Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 166 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг- услуга. Од нив, 33 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.