Граѓаните да не ги плаќаат августовските сметки за парно, Регулаторна бара БЕГ да ги сторнира

Регулаторна комисија за енергетика побарала од компанијата БЕГ да ги сторнира сметките за парно греење за скопјани за август. Наместо 15, сметките биле поскапени за 40 отсто од причина што во нив не биле вкалкулирани државните субвенции.

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика Марко Бислимовски денеска објасни дека граѓаните во Скопје ќе добијат нови сметки.

-Во овие сметки не е вкаклуриана субвенцијата од Владата. Затоа има значително зголемени сметки. Бараме БЕГ да ги сторнира сите сметки и да се изготват нови сметки каде ќе биде вкалкулирана субвенцијата која ја добиваат граѓаните од страна на Владата. Средства се обезбедени. Има одредена одлука која е донесена. Потрошувачите на топлинска енергија ќе ги добијат субвенциите. Сметките кои ги изготвил БЕГ и се испраќани на 31 авугст, а август не беше завршен, ќе бидат сторнирани, рече денеска Бислимоски.

Тој рече дека во изминатите два дена добиле голем број поплаки од граѓани. Според него, владата веќе има донесено одлука за субвенцијата, но ако случајно е истечена, ќе биде донесена уште една таква одлука, бидејќи пари во буџетот има.

– Сметките кои ги изготвил и ги испратил БЕГ невообичаено на 30 и 31 август. За оние граѓани кои веќе ја платиле сметката, ќе има рефундирање на парите, односно, наредната сметка ќе им биде пониска, рече Бислимовски.

Претходна вестМалолетен велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
Следна вестПриведен скопјанец кој се самозадоволувал пред малолетничка од Охрид