Темен режим Режим на светлина

Малолетен велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Со тешки повреди се здобил малолетник во сообраќајна незгода што се случила вчера во Скопје.

МВР соопшти дека на 31.08.2022 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„12-та Македонска Бригада“ и ул.„Илија Димовски-Гоче“ во Скопје, патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Т.(50) од Скопје удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се наведува во информацијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува

Бензините поевтинуваат за два денари, дизелот останува со иста цена

Следна објава

Граѓаните да не ги плаќаат августовските сметки за парно, Регулаторна бара БЕГ да ги сторнира