Граѓаните ќе бидат информирани кога ќе можат да си ги подигнат изготвените патни исправи

Граѓаните ќе бидат информирани кога ќе можат да си ги подигнат изготвените патни исправи, најави техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. На својот профилна Фејсбук тој објави видео во кое со соработниците ги договараат последните чекори пред новиот систем да биде пуштен во употреба.

Просториите во МРТВ кои порано се користеа за издавање изводи и уверенија за државјанство, сега се реновирани и се прават последните подготовки во нив да се издаваат патни исправи.

Како што се појаснува, изготвената патна исправа ќе биде внесена во системот, а граѓанинот ќе добие порака со ден и време за подигнување на документот.

-Ставаме крај на хаосот и воведуваме ред во делот на издавањето на готовите пасоши. Со новиот систем граѓаните ќе бидат информирани кога ќе можат да си ги подигнат изготвените патни исправи, напиша на Фејсбук Тошковски.

Колку сите овие работи ќе го ублажат хаосот кој го остави претходното раководство на МВР останува да се види. Познато е дека над 650.000 македонски граѓани пред неколку дена беа ставени во државен притвор. Да биде проблемот уште потежок, не биле нарачани на време ниту потребните обрасци за пасоши на кои ќе го има омилениот збор на власта – „северна“.

 

Претходна вестГори кровна конструкција на куќа во близина на Ист Гејт Мол
Следна вестЦУК: Нема активни пожари на отворено, сите седум пријавени биле изгаснати