Ова е јавен тоалет кој не е во функција неколку децении,а негово функционирање и одржување е под надлежност на Град Скопје…, порака е која осамна во утринските часови на повеќе локации околу мостот „Гоце Делчев“ и во градскиот парк во Скопје. На нив беа поставени знаци со натписи кој се однесуваат на недостатокот на јавни тоалети, горлив проблем со која се соочува граѓаните, а се во надлежност на управата на градот Скопје. За жал, јавните тоалети веќе со децении не се функционални и се без основни санитарни услови за користење.
-Ние, граѓаните, со оглед на нефункционалните јавни тоалети во градот, сме приморани за нашите физиолошки потреби да ги вршиме по околните објекти како кафетерии, кладилници и казина – или, пак, убивајќи го срамот во нас – во некое скриено ќоше. Од тие места се шират непријатни миризби и бактерии кои негативни влијаат врз здравјето и се опасност од појават на заразни инфекции, пишува на таблите.
Уметникот Озбек Ајваз, со оваа акција сака да го потенцира и актуелизира барањето и потребата на граѓаните на Скопје за решавање на овој проблем за која градот се чини не нуди никакво решение. Оваа акција е реализирана во рамки на проектот „Артс Хаб“ , имплементиран од КСП Центар Јадро и финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.
Фото: Озбек Ајваз