Левица: Дехари живее во стан кој не го пријавил, изграден од компанија донатор на ДУИ

Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари живее во стан кој не го пријавил, тврдат од партијата Левица. Станот е изграден од компанијата „АС Сењак“, која е  донатор на ДУИ.

– Не престануваат скандалите за функционерите на ДУИ и компаниите блиски до нив. Имено, во медиумите излезе информација дека градоначалникот Фатмир Дехари живее во непријавен стан, сопственост на градежната компанија „АС Сењак“ и бизнисменот Селаудин АРИФИ.

Фактички, градоначалникот на Кичево живее во стан, кој е во сопственост на компанијата „АС Сењак“. Оваа контроверзна компанија е една од омилените бизнис-партнери на Дехари, па истата е во топ пет фирми кои добиле најмногу тендери од општината.

Како ова да не е доволно, токму бизнисменот Арифи е во сватовски врски со лидерот на ДУИ, Али Ахмати. Додека и Македонците и Албанците во Кичево масовно се иселуваат, очигледно компаниите на роднините на Ахмети го зголемуваат своето богатство. Изминатиот период, сватот на Ахмети, Селаудин Арифи, стана и доминантен сопственик на „Жито Караорман“.

Катастрофалната состојба во Кичево најдобро го отсликува неказнетото владеење на иредентистите од ДУИ. Додека Ахмети заговара дека Албанците конечно ги добиле своите права, реалноста е дека обичниот Албанец живее во беда и сиромаштија, како и обичниот Македонец. Жителите во Кичево се принудени да се лечат во болница стара над 30 години, додека фамилијата на Ахмети добива милионски тендери, се вели во соопштението на Левица.

Според нив единствените кои живеат подобро од владеењето на ДУИ се Ахмети и Груби и нивните фамилијарни компании.

Претходна вестЗарем не можат да издржат 100 дена во техничката влада без кавги?
Следна вестГраѓанска акција во Скопје за потребата за јавни тоалети