Грчки државјанин починал во битолско казино

Починал човек во казино во Битола. Имено, лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил донесен Н.К.(62), државјанин на Грција, без знаци на живот.

Лекарот констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено да се изврши обдукција. Увид на местото извршила увидната екипа на СВР Битола, информира МВР.

Претходна вест73-годишен тетовец ја држел својата снаа затворена во домот и ја тепал
Следна вестНаставниците во Тенеси, САД, ќе можат да носат пиштоли на училиште