73-годишен тетовец ја држел својата снаа затворена во домот и ја тепал

Семејно насилство во Тетово. Имено, СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот А.К. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“.

-Пријавениот, својата снаа ја држел затворена во домот, физички ја напаѓал во повеќе наврати и и нанел повреди, соопшти МВР.

Претходна вестИзраел: Нашата армија не ги закопа Палестинците во масовна гробница во Газа
Следна вестГрчки државјанин починал во битолско казино