До 13 часот најголема излезност на изборите има во Новаци и Крива Паланка, најмала во Врапчиште

Претседателските избори во Македонија течат без посериозни проблеми. Излезноста на гласање до 13:00 часот, според обработените податоци на ДИК кои се објавени на нивната интернет страница, изнесува околу 24,82% од гласачите.

Најголем одѕив на изборите до 13:00 часот има во Новаци (42,87%). Над 40 проценти излезност има и во Крива Паланка.

Најмала излезност има во Врапчиште (10,35%).

Инаку, во Скопје најголем одѕив има во општина Карпош (34,77%). Со слична излезност се и Центар (33,40%), Аеродром (33,21%), Кисела Вода (32,85%) и Ѓорче Петров со (32,42%).

Претходна вестИзмамен тетовец, платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не ја добил
Следна вестВо Скопје најголема излезност во Карпош, Центар и Аеродром, најмала во Шуто Оризари, Сарај…