Во Скопје најголема излезност во Карпош, Центар и Аеродром, најмала во Шуто Оризари, Сарај…

Македонија денеска избира претседател на државата. Изборите течат без посериозни проблеми.

Според обработените податоци од страна на ДИК излезноста на гласање до 13:00 часот во земјава изнесува 24,82% од гласачите. Од објавените податоци на интернет страница на ДИК се гледа се најголема излезност има во Новаци (42,87%).

Во Скопје најголем одѕив има во општина Карпош (34,77%). Со слична излезност се и Центар (33,40%), Аеродром (33,21%), Кисела Вода (32,85%) и Ѓорче Петров со (32,42%).

Најмала излезност на изборите до 13 часот во скопските општини има во Шуто Оризари (13,00%), Сарај (20,17%) и Чаир со (20,50%).

Претходна вестДо 13 часот најголема излезност на изборите има во Новаци и Крива Паланка, најмала во Врапчиште
Следна вестПриведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче