Три скопјанки искасани од бездомни кучиња во Центар и во Карпош

Напади и каснувања од страна на бездомни кучиња случени на подрачјата на скопските општини Центар и Карпош вчера пријавиле три скопјанки.

Полицијата информира дека вчера во 11:15 часот, во Полициската станица Центар, 48-годишната С. М. од Скопје пријавила дека на улицата Јужен булевар во Скопје била касната од куче скитник.

-Истиот ден во 22:.35 часот, во Полициската станица Центар, 78-годишната Л. Ц. од Скопје пријавила дека на улицата „Народен фронт“ во Скопје била касната од куче скитник, а во 23:30 часот, во Полициската станица Карпош, 69-годишната Ш. А. од Скопје пријавила дека на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник, се наведува во информацијата.

 

Претходна вестМВР: Гласањето тече без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, пронајдена испукана димна бомба, летоци, графити…
Следна вестИзмамен тетовец, платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не ја добил