Грчките националисти повторно го нападнаа домот на Архимандритот Никодим Царкњас

Нов Инцидент во домот на Архимандритот Никодим Царкњас, во селото С’ботско, Воденско, македонски свештеник и борец за правата на на Македонците во Грција. Грчки националисти фрлиле камења врз прозорите на неговиот дом, кршеле јајца на неговиот автомобил и испишале ЕЛЛАС (Грција) на бетонскиот под пред неговата куќа.

Ова не е прв инцидент во кој грчки националисти вршат терор и притисок врз 81 годишен старец кој целиот свој живот го посветил на борбата на Македонците во Грција за зачувување на својот идентитет.

Ниту еден претходен напад врз Царкњас не е расчистен од грчките институции.

Претходна вестВработените во печатницата која треба да ги печати учебниците два месеци немаат земено плата
Следна вестИзутрина свежо, преку ден сончево и топло