Грчки државјанин се обидел да прошверцува цигари на граничниот премин Стар Дојран.
– Денеска во 00:15 часот на граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, во координација со царински службеници откриле кривично дело „криумчарење“. При преглед во патничко возило „ауди А8“ со црногорски национални ознаки, управувано од С.П.(66) од Република Грција, во посебни прегради во багажникот биле пронајдени 1250 кутии цигари за кои не поседувал документација, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР посочуваат дека возилото и цигарите биле преземени од Царинската управа за понатамошна постапка.