Груевски: Заев на бугарските власти им предал аудио-материјали од средби на македонскиот државниот врв по прашањата поврзани со Бугарија

Поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев на бугарските власти им предал аудио-материјали од разговорите на македонскиот државен врв за да им ги открие нашите планови и стратегии, тврди поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Ваквото тврдење Груевски го изнесе во вчерашна објава на Фејсбук при што наведува дека ваквите сознанија ги добил од „некои бугарски претставници“. 

Поводот за пушувањето на Груевски, како што тоа самиот наведе, била потребата да ги демантира тезите кои што во изминатиов период ги наведуваат премиерот Димитар Ковачевски и владеачката партија СДСМ дека „Христијан Мицкоски, како и неговиот претходник, измислуваат светски заговори и специјални непријатели на Македонија“. Груевски наведува дека тоа е една од многу пати повторуваните лажни тези и обвинувања упатени кон него во последните не  само 6, туку можеби и 10 години.

Поранешниот премиер посебно се задржа на влошувањето на нашите државни позиции во односите со Бугарија. Груевски наведе дека то време кога тој беше премиер Бугарија не помислуваше да ја блокира Македонија за членството во ЕУ. Тој потенцира дека влошувањето започнало кога Зоран Заев почнал да пушта сигнали дека е подготвен да капитулира.

-Проблемите и влошувањето на нашите позиции почнаа кога се појави Заев и почна да пушта јасни сигнали на негова подготвеност за капитулација доколку му биде овозможено да стане премиер. Кога како претседател на СДСМ почна пешки да ја преминува границата со Грција, а подоцна со замина во Бугарија, каде на тамошните власти им предаде аудио материјали од разговорите на македонскиот државниот врв по прашањата поврзани со Бугарија (просто неверојатно!!!), со цел да им ги открие сите наши стратегии и планови во нашите односи и разговори, а истото го направи и со преставници на други земји. Ова не го претпоставувам туку го знам лично од некои нив, кои отворено се фалеа со неговата блискост и добиен материјал, пишува поранешниот премиер.

Според Груевски, проблемите очигледно почнале кога раководството на СДСМ сфатило дека со тој човечки потенцијал и капацитет кој тогаш го поседуваа, а особено лидерот, со нивните политики и неспособност, нема да може уште долго да го победи ВМРО-ДПМНЕ и одлучиле да фатат еден друг пат, кој нè дотера до ова денес.

-Се разбира, тоа меѓународно беше добро пречекано, иако можам да замислам, поточно знам што и тие луѓе – високи преставници на држави наши сојузници во себе мислеа за такви политичари, но сепак иако го знаеја нивниот капацитет и коруптивни мотиви кои подоцна се потврдија, ги поддржаа, бидејќи во тој момент им беа корисни, пишува Груевски.

Инаку, тој наведува и аргументи од кои, според него, може да се види дека неговата Влада била супер активна и ефикасна по однос на стратешките прашања. Груевски наведе дека во првите две години (2006-2008) години за мошне кус период Македонија ги исполнила сите зададени услови од НАТО за земјата да се квалификува да биде предложена за добивање покана за членство во НАТО на самитот во Букурешт во април 2008 година. Натаму, наведе дека Македонија под водство на таа влада цели 9 години по ред добиваше позитивна препорака од европската комисија (ЕК) упатена до европскиот совет(ЕС) за почеток на преговорите, дека добила визна либерализација во 2009 година, дека потпиша декларација за стратешко партнерство со САД во Вашингтон во 2008 година, дека ја доби Грција во 2011 година пред меѓународниот суд во Хаг, дека усепала да ја дотера бројката на земји кои не признале под уставното име до 146 држави…

-Денешнава Северна Македонија предводена од овие неспособни е смешка, мајтап, трагикомедија, карикатура во однос на тоа што беше во тој период. И сега смешката уште им се смее на оние чии цели и визија на поранешната влада ѝ се недостижни, напиша Груевски.

Претходна вестОсмани од медиумите дознал дека фирмата „Еуровиа“ е донатор на ДУИ
Следна вестОтстрелани мечка со две мали мечиња во Националниот парк „Маврово“